Триесетгодишниот Оскар Солис во понеделникот беше уапсен и прелиминарно обвинет за грозоморното убиство.
Имено, тој е осомничен дека прво ја ограбил несреќната жртва пред да ја распарчи, пренесува CNN.
Инспекторите ги открија останките на жртвата во кеси за отпадоци во домот, рече шерифот на округот Паско, Крис Ноко, на прес-конференција во вторникот.
Си-Ен-Ен не можеше да утврди преку онлајн судските записи дали Солис има правно застапување, но шерифот откри дека Солис е поврзан со MS-13, насилна банда со меѓународни врски со дрога и трговија со луѓе.
– Возачот минатата среда навечер не бил далеку од сопствената куќа кога ѝ испратил порака на сопругата дека го прави последното доставување и дека наскоро ќе се врати дома – рекол Ноко.
Шерифот одби да ја идентификува жртвата, но Си-Ен-Ен го идентификуваше како 59-годишниот Рандал Вилијам Кук.
Тие го нашле автомобилот на жртвата напуштен на околу половина километар од куќата на осомничениот.
Шерифот рекол и дека жртвата и убиецот не се познавале претходно.