Делумно ликвидиран големиот шумски пожар во липковско

Сподели со своите пријатели

Делумно е ликвидиран пожарот кој пеплоса десетици хектари шума во реонот на неколку липковски села.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за известување со кризи, во текот на вчерашниот ден потполно бил ликвидиран пожарот во селата Пресница, Рнковце, Глажња и Стрима, додека сѐ уште останал активен еден дел од огнот на територијата на селото Пресница.

Дваесет вработени лица со четири теренски возила од Шумско стопанство со напртњачи и челични метали рачно го гаснеле пожарот.

Во гаснењето учество зела и една екипа на Територијатална противпожарна единица Куманово кои ги снабдувале со вода вработените кои оделе на рачно гасење и тоа во период од 08:30 до 15:00 часот.

Десет вработени и две теренски возила од екипите на Шумско стопанство Куманово  се повлекле од терен во 15:00 часот поради немање доволно колочина вода.

 

Кумановските пожарникари вчера со полни раце работа

 

Loading...

– Напоменуване дека тој дел од теренот е мошне стрмен и висок а одалеченос од патот и противпочарните дејатва е околку 2 километри, велат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 17,00 часот се повлекла и втората група од 10 вработени, додека една екипа со едно теренско возило и тројца вработени е оставена да дежура за следење на состојбата.

Од Директорот на Шумско стопанство -подружница Куманово раководителот на РЦУК Куманово бил  известен дека, доколку не се ликвидира пожарот во целост денеска повторно ќе прати една екипа на терен.

Никола Ивановски

Leave a Reply