Пожарникарите успеаја делумно да го контролираат шумскиот пожар кој од минатата недела гори во националниот парк Јосемит во Калифорнија.
Пожарот на падините на Сиера Невада зафатил околу десет квадратни километри, а пожарникарите до синоќа локализирале околу 22 отсто.
Пожар може да уништи повеќе од 500 џиновски секвои во дел од паркот во округот Марипоса.
Околното население е евакуирано.
Јужниот дел на паркот Јосемит е затворен, но посетители има и во други делови од националниот парк, на повеќе од 300.000 хектари.