Делтакрон и официјално нов сој на ковид, циркулира во Франција

Сподели со своите пријатели

Делтакрон официјално стана нова варијанта на корона вирусот, со потврдени случаи во Франција и САД.

Loading...

Станува збор за комбинирани мутации на коронавирусот од соевите омикрон и делта, а една лабораторија во Кипар веќе го истражувала овој вид на почетокот на годинава, потсетува „Скај њуз“.

Сега, виролозите од Институтот Пастер во Париз го секвенционираа геномот на видот делтакрон.

Случаите се потврдени во неколку региони на Франција, каде сојот циркулира најверојатно од почетокот на јануари, додава „Скај њуз“.

На брифинг на 9 март, Светската здравствена организација соопшти дека сојот бил откриен и во Холандија и Данска.

Потврдени се и два случаи во САД.

Научниците нагласуваат дека денес луѓето имаат значителен имунитет на двата вида и дека нема причина да се мисли дека тоа ќе претставува дополнителна закана за вакцините.

 

Loading...

Експлозии во неколку украински градови

 

Што точно е сојот делтакрон?

Основата на овој вид е делта, додека „шипката“, делот што се прицврстува на клетката домаќин е омикрон.

Ваквите соеви се јавуваат кога едно лице е заразено и со делта и со омикрон во исто време, што доведува до заедничка пролиферација на вирусните клетки.

– Оваа мутација беше очекувана, ако се земе предвид интензивната циркулација и на омикрон и на делта – изјави Марија ван Керхов, техничар од Светската здравствена организација.

Сојот делта предизвика потешка клиничка слика од претходните, додека омикрон беше позаразен и пренослив.

Видот кој е комбинација од претходните два загрижи многумина, но охрабрува тоа што голем дел од населението на планетата е имунизирано со вакцинација или со прележување на болеста.

Loading...

Ова е поддржано од релативно малиот број пријавени случаи на делтакрон.