Русија во неделата забележа повеќе од 25.000 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број во земјата од јануари досега.
Посебно е погодена Москва, како и туристичката метропола Санкт Петербург, која во петокот беше домаќин на седмиот натпревар на Европското првенство во фудбал, пренесува Хина.
Фотографиите направени од обожаватели покажуваат дека многумина биле без задолжителните маски за лице.
Властите пријавија 663 нови смртни случаи поврзани со вирусот во саботата.
Претходно оваа недела, Русија регистрираше рекорден број на смртни случаи од коронавирус пет дена по ред.
И покрај позаразната делта варијанта на вирусот што влијае на голем број, националниот карантин не е планиран, соопшти Кремљ.
Сепак, ограничувачките мерки во јавниот живот се зголемуваат во некои региони каде што е забележано зголемување на бројот на заразени, како на пример во Бурјатија на Бајкалското Езеро.
Во Москва, луѓето можат да влезат во ресторан само ако можат да презентираат негативен PCR тест или доказ за вакцинација.
Од работодавците во многу сектори во главниот град се бара да им наметнат вакцини на своите вработени.