Уделот на делта сојот за прв пат ја презеде доминацијата со 59 проценти, објави Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).
РКИ посочува дека две третини од позитивните ПЦР тестови веќе утврдиле дека станува збор за инфекција со делта, додека само една третина има инфекција со „стариот“ алфа сој.
Уделот на алфа сој падна многу брзо од 91 процент на крајот на мај на 33 проценти на крајот на јуни.
Другите видови во Германија во моментов немаат никаква улога.

