Делови од кумановско утре без струја

Сподели со своите пријатели

Некоку улици и села во околината на Куманово утре ќе останат без електрична енергија во одредени периоди од денот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Вопериод од 08:30 до 16:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат жителите од улиците „Вук Караџиќ“, „Павле Станоев“ и „Тоде Мендол“, како и селата Габреш, Кучкарево и Градиште.

Како што се наведува во соопштението, станува збор за реализација на инвестициони зафати од страна на ЕВН Македонија, поради подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.