Делови од Куманово од вчеравечер постојано остануваат без струја

Сподели со своите пријатели

Делови на кумановските населби од вчеравечер во неколку наврати останаа без електрична енергија.

Населбите Карпош, Перо Чичо и Ајдучка Чешма вчеравечер околу 20 часот останаа без електрична енергија и тоа беше подолгиот прекин кој траеше околу два часа. На телефонскиот број за дефекти од ЕВН Македонија се правдаа дека станува збор за дефект и дека екипите се на терен.

Нешто пред полноќ повторно имаше краток прекин, а прекините продолжуваат и утринава, велат граѓаните, кои стравуваат за своите електрични апарати.

Колку време ќе потрае агонијата засега не се знае.

Leave a Reply