Делови од Куманово ќе останат без електрична енергија во текот на денот

Сподели со своите пријатели

Поради планирани прекини на електричната енергија, без напојување во текот на денот ќе останат неколку локации низ Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 10:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од улиците: „Боро Соколов“, „ББ Гуцман“, „ВС Бато“, „3-та Македонска Ударна Бригада“ и  „Васко Карангеловски“. Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во електро дистрибутивната мрежа.

Вчера прекини на снабдувањето поради дефекти имало во селата Ропаљце, Гошинце и Лукаре.

 

Loading...