Дел од улицата „Никола Тесла“ како и селата Речица, Костурник, Режановце, Долно Којнаре и Кратовци ќе останат без електрична енергија во период од 11:30 до 13:30 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Без струја во период од 08:00 до 13:00 часот ќе бидат и дел од селата во липковскиот крај: Слупчане, Руница, Оризаре, Белановце и Извор.
Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.