Повеќе улици во Куманово денеска привремено ќе бидат без електрично напојување.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Прохор Пчински“, „Партизанска“ и улицата „Димитар Влахов“.
Во истиот период прекини ќе има и на улиците „Панче Пешев“, „Иво Лола Рибар“, како и улицата „Париска комуна“.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија.
Никола Ивановски

