Делови од Канада парализирани од снежно невреме (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Поради зимско невреме придружено со обилен снег, ниски температури и намалена видливост во западна Канада, меѓународниот аеродром во Ванкувер денеска привремено ги прекина сите дојдовни летови и ги откажа полетувањата закажани за раните утрински часови.

 

 

Поради систем со низок притисок од Тихиот Океан во комбинација со многу студен арктички воздух над Британска Колумбија, температурата на воздухот падна, а во текот на претходната ноќ во западните делови на оваа канадска провинција паднаа 25 сантиметри снег, соопшти канадската метеоролошка служба. Животна средина Канада, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија и Пакистан потпишаа договор: Напад врз една земја е напад врз двете

 

 

Во соопштението од аеродромот во Ванкувер се наведува дека прекинот во воздушниот сообраќај е поради откажување на летовите или доцнење поради невремето.

Податоците од веб-страницата за следење на авиокомпаниите Flighttower покажуваат дека вкупно 130 летови биле откажани, а 38 биле одложени.