Делови од градот останаа без вода поради интервенции во мрежата
On:
Сподели со своите пријатели
Неколку улици во градот останаа без вода, откако поради интервенции на водоводната мрежа привремено е исклучен дистрибутивниот систем, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за улиците: „Мирче Ацев“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Јоско Илиевски“, „Студена Вода“, улица „120“ во населбата Карпош, улицата „405“во населбата Иго Тричковиќ, како и населбата Јане Сандански.
Засега нема најви кога ќе се нормализира ваквата состојба, но екипите на јавното претпријатие „Водовод“ работат на терен и наскоро се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано.