Денеска во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат улиците: „Тоне Гоиргиев“, „Браќа Миладиновци“, „Чупино брдо“, „Магдалена Антова“ и „Среќна Пужалко“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.
Во останатиот дел од градот, снабдувањето со електрична енергија се одвива непречено.