Делови на Куманово денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија денеска и утре ќе бидат неколку локации во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Денеска во период од 11:00 до 12:30 часот, без електрична енергија ќе бидат објектите во поранешната фабрика ДИЕР.

Во период од 09:30 до 12:30 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Страшко Симонов“, „Благој Илиев Гуне“, „Ѓуро Салај“, „Абдула Прешова“, „Александар Здравковиќ“, „Петар Драпшин“, „Драги Шутевски“, „Иван Цанкар“, „Романовска“ и „Ужичка“.

Утре во период од 09:35 до 11:30 часот прекини во снабдувањето ќе има на улицата „Илинденска“.

Во период од 08:45 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат жителите на селото Шупли камен, додека од 08:00 до 15:00 часот прекини се очекуваат кај корисниците од улицата „11 Октомври“ и објектите околу Ургентен центар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро 100 малолетници затекнала полицијата во Куманово по полноќ

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски