Секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска и директорорт на средно техничко училиште Наце Буѓони Лидија Михајловска беа во дводневна посета на Нови Сад, по повод одбележувањето на 269 години постоење на градот.
Денот на градот беше одбележан со богата програма која започна со свечен прием во Градската Куќа од страна на Градоначалникот Милош Вучевиќ на 19 делегации меѓу кои и Општина Куманово, а продолжи со Свечената академијана која беше доделена Февруарската награда.


