Ве информираме дека на 22.02.2022 година (вторник) со почеток во 13:00 часот (16:00 часот локално време во Дубаи), ќе се одржи официјалната церемонија и прослава на Националниот ден на Република Северна Македонија на глобалниот саем ЕКСПО кој се случува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.
Делегацијата од Република Северна Македонија ја предводи Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Церемонијата на Националниот ден ќе можете во живо да ја следите на следниот линк:

