По повод 14 годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили, делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Фросина Ременски и делегација од Општинската организација на СДСМ од Тетово денеска оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак.
Loading...
На тој трагичен ден, животот го загубија: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски.