Делегација на индонезискиот Парламент во посета на македонското Собрание

Сподели со своите пријатели

Делегација од групата за билатерална соработка со Македонија на Претставничкиот дом на Индонезија ќе престојува во посета на Македонија.

Индонезиската парламентарна делегација ќе има средба со претседателот на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Индонезија, Јусуф Хасани.

Членовите на делегацијата на индонезискиот Претставнички дом ќе се сретнат и со претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски.

Извор: МИА