Делегација на Бордот на Директори на ЕБОР доаѓа во посета на Македонија

Сподели со своите пријатели

Претставници од Бордот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) пристигнуваат на 14 Октомври во петдневна посета на Северна Македонија, за време на која ќе се сретнат со Владини претставници, претставници од граѓанскиот сектор, инвеститори и претприемачи.

Loading...

Целта на посетата е да се запознаат со економската и инвестициона клима, и да ги идентификуваат клучните области на ангажманот на ЕБОР, во насока на интензивирање на деловниот и политичкиот дијалог.

Домаќин на делегацијата е Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија. Бордот на ЕБОР ќе биде претставуван од:

Шун Цучида, Советник на Бордот за Јапонија

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: Унгарија постави услов за блокирање на санкциите на ЕУ против руската нафта

Инка Мулерова, Советник на Бордот за Чечија

Диого Лопез Монтеиро, Советник на Бордот за Португалија

Ариана Калиари, Советник на Бордот за Италија

Енрике Мадерел, Советник на Бордот за Северна Македонија, Холандија, Кина, Монголија и Арменија

Loading...

Советниците на Бордот ќе се сретнат со Министерката за енергија, рударство и минерали, Сања Божиновска и Државната Советничка во Министерството за енергија, Елена Ивановска. Ќе остварат и средби со претставнички на Народната Банка на Република Северна Македонија, Емилија Нацевска и Ана Митреска, Вице Гувернерки и Викторија Глигорова, Генерален Директор на Одделот за супервизија.

Делегацијата ќе оствари средби и со претставници на меѓународните финансиски институции, комерцијални банки и енергетски компании (МЕПСО, ЕСМ и НОМАГАС), како и претставници на граѓанскиот сектор и дипломатската заедница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија меѓу земјите кои го поддржаа Гутереш

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над ЕУР 2.9 милијарди во 196 проекти, фокусирајќи се на поддршка на конкурентноста преку зајакнување на ланецот на вредности, надградба на вештините на работната сила, зајакнување на управувањето, унапредување на регионалната интеграција и поврзување на меките вештини, поддршка на доближување до Европската Унија и натамошна транзиција на зелената економија преку поодржлива комбинација на енергии и поголема ефикасност на ресурсите.