Делегации на Турција, Русија, Иран и Сирија во Москва на 15 и 16 март

Сподели со своите пријатели

Во среда и четврток на 15 и 16 март во Москва ќе се сретнат делегации од министерствата за надворешни работи на Турција, Русија, Иран и Сирија, јави турската телевизија „ТРТ Хабер“.

Loading...

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу минатата недела изјави дека во тек се подготовки за состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Русија, Иран и Сирија.

Тој додаде дека Русија понудила да организира „технички состанок“.