Четириесегодишен жител на Делчево бил приведен од кумановската полиција вчера под сомнение дека превезувал небезбедна стока.
Loading...
– На 21.02.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(40) од Делчево затоа што при преглед во товарно моторно возило „фолксваген крафтер“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена стока, која е прогласена за небезбедна од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
По целосно документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски