Дел од оружјето испратено во Украина завршило кај криминалци

Сподели со своите пријатели

Криминалци, доброволци и трговци со оружје во Украина украле дел од оружјето и опремата што ги обезбеди Западот минатата година, се вели во извештајот на генералниот инспектор на американското Министерство за одбрана, кој го видел Си-Ен-Ен.

Loading...

Се додава дека оружјето било пронајдено откако украинските разузнавачи откриле планови за кражба на оружјето.

Сепак, во извештајот се истакнува дека американското Министерство за одбрана се соочило со „предизвици“ во опремата за следење и набљудување испратена во Украина, поради ограниченото американско присуство во земјата.

Канцеларијата за одбранбена соработка (ОДЦ) во Киев „не успеа да го изврши потребниот мониторинг на воената опрема што САД и ја обезбедија на Украина во 2022 година“, се вели во извештајот, кој го опфаќа периодот од февруари до септември минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  12 лица, меѓу кои и деца, повредени во рускиот напад на Харков (ВИДЕО)

Се додава дека неможноста претставниците на американското Министерство за одбрана да ги посетат областите каде што се користи и складира опремата „значително ја намалува способноста на ODC да врши надзор.

ОДЦ во Киев побара од украинската влада да достави податоци за трошоците, загубите и оштетувањата на американската опрема, но и покрај тоа криминалните групи успеаја да украдат дел од оружјето и опремата.

Во август 2022 година, украинските власти открија група доброволци кои украле 60 пушки и речиси илјада парчиња муниција, кои ги сокриле во магацин, веројатно за продажба на црниот пазар, пренесува Танјуг.

Генералниот инспектор на Пентагон изјави дека поголемите парчиња оружје полесно се следат, но дека е потешко со помалите, како уредите за ноќно гледање.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реакцијата на украинската амбасадорка за време на судирот Трамп – Зеленски, за која сите зборуваат (ВИДЕО)

Извештајот, сепак, не дава никакви препораки, но посочува дека американското Министерство за одбрана „вложило одредени напори да ја ублажи неможноста“ за надзор на терен.