Дел од најголемиот забавен парк во Шведска со денови гори (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шведски пожарникари со денови се борат со пожарот во најголемиот забавен парк во земјата во западниот град Гетеборг.

Напорите за гаснење на пожарот беа отежнати поради опасноста од уривање на зградата, соопштија службите за итни случаи, пренесува АФП.

„Структурата е во пламен и не можеме да влеземе во некои делови од зградата за да се бориме со пожарот бидејќи ризикот од уривање е преголем. Се грижиме пожарот да не се прошири на соседните згради“, соопшти службата за итни случаи на Гетеборг.

Пожарникарите соопштија дека пожарот бил ставен под контрола во вторникот, но се разгорел во вечерните часови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на санкции против Русија се приближи до 31.000

 

 

Црн чад над градот

Пожарот избувна во понеделникот во водениот парк Океана во Гетеборг на југозападот на Шведска.

Избувна во делот од паркот кој се уште е во изградба, а е дел од поголемиот забавен парк Лизеберг.

Снимките од понеделникот покажаа експлозии и огнени топки кои уништуваат дел од водениот тобоган.

На снимките и фотографиите се гледа дека црн чад се издигнал над дел од градот.

Во пожарот исчезна едно лице, а полицијата соопшти дека 16 лица се полесно повредени и на ниту еден не му била потребна хоспитализација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најбезбедните земји во светот во 2025 година: Еве каде е Македонија!

Поведена е истрага поради крајно невнимание и повреда на работниот однос, соопшти полицијата.

Според шведскиот весник Dagens Nyheter, аквапаркот Океана со базен од 10.000 квадратни метри требаше да биде отворен кон средината на јуни.

Засега нема информации дали водениот парк ќе се реновира.