Дел од Куманово во четврток ќе биде затворен за сообраќај

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги информира граѓаните дека поради одржување на велосипедска трка во рамки на Европскиот олимписки младински фестивал Скопје 2025, на ден 24 јули (четврток), делови од сообраќајната мрежа во градот ќе бидат привремено затворени.

Loading...

Трката се организира преку Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово, а стартот е предвиден во 10:00 часот, со завршница околу 13:30 часот и свечено доделување на награди на градскиот плоштад.

Во периодот од 05:00 до 16:00 часот ќе бидат затворени следниве патни правци:

Улица „Гоце Делчев“ – од крстосницата со улиците „Доне Божинов“ и „11 Октомври“ до кружниот тек на булевар „3-та Македонска ударна бригада“ и улица „Бајрам Шабани“, ќе биде затворена целосно за време на целиот настан;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вчера 5 пожари во Куманово и три во Старо Нагоричане

Булевар „3-та Македонска ударна бригада“ – од кружниот тек до крстосницата со регионалниот пат R1204 кај црквата „Св. Мина“ (Свети Николе – Крива Паланка), ќе биде затворен само додека поминуваат велосипедистите;

Регионален пат R1204 – од крстосницата кај „Св. Мина“ до крстосницата со патот А2 кај објектот „Алфи“, ќе биде затворен со дозволени премини, освен за време на минување на учесниците;

Регионален пат А2 – од крстосницата кај „Алфи“ кон Општина Старо Нагоричане, ќе биде целосно затворен додека трае трката.

За време на настанот, општинскиот јавен превоз ќе се одвива со ограничувања, односно ќе сообраќа делумно по редуцирани линии од периферијата до најблиската можна точка во центарот на градот. За дополнителни информации, граѓаните може да се обратат на телефонскиот број на диспечерскиот центар: 031 444 – 003.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски на средба со претставничката на ООН

Од Општина Куманово апелираат до сите граѓани за разбирање и соработка, со цел успешно и безбедно одвивање на меѓународниот спортски настан.

Никола Ивановски