Дел од Италија во темница: Спомениците и зградите без светло, поради поскапување на струјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Три илјади италијански општини ги исклучија светлата на зградите со симболите на тие градови во 20 часот, за да го свртат вниманието на италијанската влада на високите цени на струјата, кои имаат големо влијание и на сметките и на граѓаните и на градот.

Loading...

Градоначалникот на Неапол Гаетано Манфреди рече дека зголемувањето на цената се почувствувало минатата година, па затоа има исклучително голема загриженост за 2022 година.

Во знак на протест и со цел да се привлече вниманието на владата предводена од премиерот Марио Драги, светлата беа изгаснати, меѓу другото, во замокот Сфорческо во Милано, во Моле Антонелиано во Торино и во Маскио Анџоино во Неапол.

Струјата во Италија поскапе за 55 отсто, а бензинот за 41,8 отсто, поради што градоначалниците на многу италијански градови решија да ги изгаснат светлата на истакнатите споменици, болници, здравствени центри и јавни институции.

Италијанскиот премиер Драги најави дека наскоро ќе биде донесен декрет со кој ќе се предвиди издвојување од пет до седум милијарди евра за да се намалат сметките за струја и гас кои деновиве ги загрижуваат Италијанците.