Дел од горивата од ноќеска со нови цени

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на одлуката од 29.7.2024 година.

Loading...

Согласно најновата одлука на РКЕ, цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се намалуваат за половина денар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 ден/кг и сега ќе изнесува 44,060 ден/кг.

Од 6.8.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)

Loading...

Мазут М-1 НС 44,060 (денари/килограм)