Дел од цигарите со велигденско поскапување, повисоки цени повторно во јуни

Сподели со своите пријатели

Иако првото поскапување се очекуваше во јуни, сепак дел од цигарите поскапеа предвреме за за Велигден. 

За пет денари пред празниците поскапеа  цигарите „Вест“ (силвер, ред и вајт), „Волтер Вулф“ (блек и вајт) и „Ронхил Вејв“ (голд и блек). Нов бран поскапувања се очекува веќе во јуни месец кога за четири денари ќе поскапат цигарите.

Бранот поскапувања одлучи пред две години, а почнувајќи од годинава до наредните седум години се очекува на годишно ниво да поскапуваат по 4 денари. Што значи дека, ако сега плаќате 120 денари за кутија, за осум години ќе мора да издвоите 154 денари.

 

Loading...