Дел од аеродромот во Катанија затворен поради вулканската пепел од Етна

Сподели со своите пријатели

Управата на аеродромот во италијанскиот град Катанија соопшти дека денеска ќе биде затворен дел од аеродромот поради големото количество пепел предизвикано од активноста на вулканот Етна.

Loading...

Секторите Б2 и Б3 ќе бидат затворени за сообраќај, се наведува во соопштението, а пренесува агенцијата Анса.

Еруптивната активност на Етна заврши утринава, но беше исфрлена голема количина пепел.

„Летовите ќе продолжат кога ќе се отстрани вулканската пепел“, изјавија од управата на аеродромот, пренесува Танјуг.

Во моментов се проценува дека летовите би можеле да продолжат околу 15 часот по локално време.

Вулканот Етна вчера исфрлаше лава, но и облак од пепел.