Дејството на Фајзер ослабнува по седум месеци

Сподели со своите пријатели

Истражувачите од Кајзер Пермантене од Јужна Калифорнија (КПСЦ) собрале податоци од здравствената мрежа, за да откријат колку често двојно вакцинирани луѓе биле позитивни на вирусот или биле хоспитализирани.

Откриле дека вакцината Фајзер е 90 проценти ефикасна во спречувањето на хоспитализации во првите шест месеци по двете дози на вакцината.

Постојните варијанти на вирусот, исто така, се чини дека имаат мали шанси да го избегнат ефектот на вакцината, вклучувајќи ја и попреносливата делта варијанта, која сега е одговорна за скоро сите случаи во САД.

 

 

Сепак, ефективноста на вакцината во спречувањето на инфекцијата значително ослабува со текот на времето, па по 7 месеци се намалува за дури 47 проценти.

Претходните студии имаа слични резултати во врска со ефикасноста на вакцината „Ковид -19“ во спречување инфекција и хоспитализација.

Овие случаи на инфекција се помалку сериозни, бидејќи вакцината сѐ уште може да спречи хоспитализација и смрт.

„Нашата анализа јасно покажува дека вакцината Физер е ефикасна против сите постојни варијанти на вирусот, вклучително и делта“, рече Луис Јодар, потпретседател на Pfizer.

„Појавата на ковид -19 кај луѓето кои примиле две дози од вакцината, најверојатно, е последица на слабеењето на таа вакцина, а не на делта вирус или некоја друга варијанта“, додаде д-р. Јодар.

 

 

За студијата, објавена во The Lancet, тимот собрал податоци од 3,4 милиони членови на здравствената мрежа на KPSC.

Тие ги анализирале здравствените досиеја за да одредат колку често луѓето биле позитивно или имале потреба од третман за вирусот.

Луѓето чии податоци биле вклучени во студијата биле одделени по возраст за да откријат потенцијални разлики во ефективноста на вакцината во текот на шест месеци по втората доза.

Истражувачите откриле мали разлики помеѓу возрасните групи во нивната способност да спречат хоспитализација или инфекции. Меѓу сите возрасни групи, ефективноста на вакцината полека опаднала со текот на времето и на крајот се намалила на околу 50 проценти.

Генерално, вакцината покажала 73 проценти ефикасност во спречувањето на инфекцијата во текот на првите шест месеци по вакцинацијата.

 

 

Ефикасноста против хоспитализација останала стабилна за сите возрасти. Други студии дале слични наоди, вклучително и студија на клиниката Мајо во Минесота спроведена во август.

Студијата покажала дека вакцината Pfizer била само 42 проценти ефикасна во спречувањето на инфекцијата, иако сѐ уште била 75 проценти ефикасна во спречувањето на хоспитализација.

Во тоа време, се веруваше дека делта варијантата е одговорна за намалување на ефикасноста на вакцината, но резултатите од KPSC велат поинаку.