Дејан Јовановски нов член на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Дејан Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ е нов член на Советот на Општина Куманово.

Loading...

Тој доаѓа на позицијата советник преку коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, откако советникот Мирослав Тричковиќ од коалицискиот партнер ДПСМ, претходно си поднесе оставка.

– Верификационата комисија на Советот на Општина Куманово го разгледа уверението на избраниот советник Дејан Јовановски од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ издадено од општинска изборна комисија и утврди дека наведениот советник има уредно пондесенео уверение за неговиот избор. Комисијата предлага да се усвои овој извештај и да изврши верификација на неговиот мандат, изјави Лидија Костиќ, претседател на Верификациона комисија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на облека на ГП Табановце

Советникот денеска положи и свечена изјава.

– Свечено изјавувам дека правата и должностите на член на советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе го почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Северна Македонија, рече Јовановски.

Никола Ивановски