Дефекти на водоводната мрежа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово во текот на денешниот ден ќе бидат привремено без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, дефект има на главен доводен вод Ф500 во близина на фабрика Кожара (без затворање на вода), но и на улиците „Коле Неделковски“, „Младен Стојановиќ“, улицата „198“ во населбата Карпош, „Сава Ковачевиќ“ од бр.36 до бр.42 и СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply