Дефекти на три локации на водоводната мрежа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три локации во Куманово се без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето има на улиците „Васил Драгомански“ и „Тоде Думба“ поради ископ на шлицеви за изведба на бај-пас.

Дефект има и на челичен водоводен вод 406 од П.С. Бедиње до Филтер станица.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски