По повеќе од осум децении криење Патриша Дејвис одлучила да признае дека е жена. Претходно трансексуалност, вели, не била премногу позната и би била сметана за хомосексуалец, па затоа ги криела своите желби.
Уште од својата трета година од животот знаев дека сум женско, но живеев во страв од тоа што ќе каже семејството и општеството. Минатата година одлучив да преминам во женски пол. Започнав со медицинска терапија на естроген – вели таа.
Служела војска помеѓу 1945 и 1948 година на Далечниот Исток, во Индија, источна Африка и Палестина и вели дека сакала да доживее стота година. патриша се сеќава дека во младоста се играла со женските играчки, што на нејзините родители не и било чудно.
Одсекогаш ме привелкуваа жени, но не во сексуална смисла. Сакав да бидам како нив. Ме спасуваше тоа што имам луда смисла за хумор, па така преживеав некои тешки моменти – додала таа.
По војската се пженила. Била во брак 63 години, а нејзината сопруга преминала пред шест години.
Loading...