Дедо отишол да го земе внукот од градинка, но дома однел погрешното дете

Сподели со своите пријатели

Неименуван маж отишол да го земе внукот од градинка во Сиднеј и по грешка однел дома погрешно дете, поради што во таа институција е покрената истрага, а еден наставник е суспендиран.

Дедото случајно го зел погрешното дете, кое во тој момент спиело, и го однел дома со себе, а наставниците ја откриле грешката дури кога мајката на момчето дошла да го земе и сфатила дека го нема, објавува „The Guardian“.

„Не можам да го објаснам тоа чувство. Не го обвинуваме. Не сме му лути, ја обвинуваме градинката“, рекла мајката на погрешно земеното едногодишно дете.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Водач на банда во Ел Салвадор осуден на 1.335 години затвор

Сопругата на дедото што го однел момчето изјавила за Sydney Morning Herald дека грешката го вознемирила нејзиниот сопруг и тој брзо го вратил едногодишното дете кога сфатил дека има погрешно дете со себе.

„Многу сум среќна што малото било добро“, рекла таа, додавајќи дека нејзиниот сопруг пристигнал да го земе внукот во центарот кога децата спиеле, а собата била темна.

Австралиската регулаторна агенција за образование и грижа за деца соопшти дека спроведува „темелна истрага“ за „длабоко загрижувачкиот и сериозен инцидент“, пренесува Танјуг.

Агенцијата додаде дека полицијата на Нов Јужен Велс е известена, но полицијата вели дека нема евиденција за полициска истрага.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 16 лица загинаа во автобуска несреќа во Индонезија

Триша Хасти, вработена во градинката „Први Кораки“, им се извини на семејствата за инцидентот, кој го опиша како „изолиран случај“.

„Ова никогаш порано не се случило во (предградието) Бангор, ниту во кој било друг наш центар“, рече Хасти.