Дедо од Куманово измамен за 1.000 евра при обид да купи злато

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и двегодишен кумановец вчера бил измамен за сума од 1.000 евра при обид да купи злато.

Loading...

– Вчера во 15:00 часот во СВР Куманово, 72-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од две лица за сума од 1000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното едно од лицата му понудило дека доколку му даде пари ќе му донесе злато за поевтина цена, по што откако пријавителот му ги дал парите лицето заминало и не се вратило на договореното место.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски