Мотоклуб „Мечки“ Куманово по 15-ти пат денеска на градскиот плоштад ја организираше манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“.
View this post on Instagram
Околу 50-тина моторџии од Куманово, Скопје и Свети Николе поделија слатки и пакетчиња за најмладите кои имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз на мотор и да уживаат во оваа манифестација, што е една од најпосетуваните во претпразничниот период.
View this post on Instagram
– Веќе сме препознатливи. Манифестацијата има и хуманитарен карактер. И годинава ќе однесеме подароци, пакетчиња и опрема за нашите пријатели, корисници на услугите на дневниот центар за лица со попреченост кај градинката кај „ЧИК“. Се собравме и успеавме и овој пат да ги израдуваме најмладите, изјави Столе Јакимовски од Мотоклуб „Мечки“.
View this post on Instagram
Донациите се собрани од членовите на мотоклубот, како и од бизнис заедницата, пријатели, кумановци.
View this post on Instagram
– Поделивме и благодарница на мотоклубот за долгогодишното пријателство и соработка. Овој пат од нив добивме пакетчиња и материјал за работа. Донациите секогаш се реализираат во консултација со нас и не се случуваат само пред новогодишните празници, туку редовно во текот на целата година. Имаме верни пријатели од кои секогаш може да побараме помош, благодарни сме им за нивното пријателство, изјави Сандра Крстевска Саревска, дефектолог во дневниот центар за лица со попреченост.
View this post on Instagram
Во центарот услугите ги користат 22 корисници со различна попречност, од умерена, тешка и кобминирана попреченост.
View this post on Instagram
Изминатите години, кумановскиот мото клуб, заедно со нивните пријатели моторџии од Европа донираше медицинска опрема и материјали за кумановската болница, за старскиот дом „Зафир Сајто“.
– Ние сме дел од хуманитарната програма на „Еуробајкери“, огромна организација на европско ниво каде членови се реномирани лекари од Европа. Се донираат средства во вид наменети за потребите на болници, старски домови. Носевме и во Куманово и во Охрид и во соседните држави, изјави Јакимовски.
View this post on Instagram
Најмладите кумановци добија подароци и уживаа во звуците на моторите при прошетка низ кумановските улици.
Текст: МИА / фото: Кумановски Муабети