Дечињата во кумановската болница добија пакетчиња (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дечињата кои се на лекување на Детското одделение во Општа болница Куманово денеска добија новогодишни пакетчиња.

Претседателкката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Секторот за култура, спорт и социјала, Александар Крстевски, денеска ги посетија заедно со Дедо Мраз.

 

 

Ѓорѓиевска им посака подобро здравје и Новата година да си ја дочекаат дома.

– Им посакав заедно со Дедо Мраз и со раководителот на Сектор за култура и детска заштита, подобро здравје и да не ја дочекаат овдека Новата година, да ги има помалку на овој оддел. Денеска продолжуваме заедно со Секторот да делиме пакетчиња на деца без родители, утре подложуваме во Порака наша, во здружението за глуви и наглуви лица, во оние ранливи категории што секогаш традиционално ги им доделуваме пакетчиња, рече претседателката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зголемен број хоспитализирани деца и прегледи на Детското одделение во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Директорот на Општа болница Куманово Сашо Стошевски, вели дека општината и советот се традиционален поддржувач на институцијата, оти проблемите на болницата се и проблеми на градот.

– Општината и Градоначалникот како и Советот на општината, се наши традиционални партнери помагаат многу на болницата, проблемите на болницата не се само наши туку се на цело Куманово, така да очекуваме 2026 година соработката и помошта од страна на општината и понатаму да продолжи, рече директорот.

 

 

Тој потенцираше дека моментално се работи на реновирање на една соба на секое одделение, со цел да не се затворат компетно одделенијата, а во иднина најави реновирање и поголеми градежни зафати, согласно буџетот кој Фондот ќе им го определи за следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  15-годишник од Куманово крадел од приватен имот

 

 

Началникот на Детското одделение, д-р Маргица Арсовска, се заблагодари на посетата и изрази надеж дека потребите на детското одделение ќе бидат приоритет на сите.

– Се надевам дека детското одделение, потребите на детското деление ќе останат приоритет на општината затоа што здравјето на дечињата е наша најголема цел, а дечињата се нашата иднина и ние сме тука секогаш на располагање на дечињата и родителите. Се надевам на што помалку посети  предновогодишно и во текот на новата година на детско одделение и им посакувам на родителите и на дечињата здравје, среќа и многу љубов во новата година, изјави д-р Арсовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зголемен број хоспитализирани деца и прегледи на Детското одделение во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Инаку во моментов, на Детското одделение се хоспитализирани околу 35 дечиња.

 

Никола Ивановски