На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, денеска дечињата од градинката „Ангел Шајче“ од Куманово учеа сообраќајни правила со полицијата.
Станува збор за ликовен настан организиран од Отсекот за превенција и Општински совет за превенција на детско престапништво под мото „Безбедно движење во сообраќајот – Научи ги и почитувај сообраќајни знаци“.
Децата цртаа, се дружеа заедно со полицијата и учеа како безбедно да се движат по тротоар, пешачки премин, семафор и полицаец на раскрсница и коловоз.
Настанот помина со голема радост за децата во заедничката активност со полицијата.
На дечињата им беа доделени дипломи за успешно цртање и учество на големиот ликовен хепенинг.
Никола Ивановски