Децата од ромска националност денеска добија новогодишни пакетчиња од хуманитарното ромско здружение „Англунипе“.
Околу педесет дечиња кои го изучуваат ромскиот јазик и култура, како и децата од социјално загрозените ромски семејства добија пакетчиња од Дедо Мраз.
Од здружението „Англунипе“ им посакаа многу среќа и здравје на сите дечиња и граѓани на Република Македонија.
За прв пат во нашиот град се изучува ромскиот јазик и култура и ги опфативме сите тие деца, и оние кои се од социјален карактер. Направивме еден пресек од нивното учење, видовме дека сакаат да го учат ромскиот јазик, веќе научиле неколку песнички и тоа ни дава надеж дека овие деца од мали нозе ќе се интегрираат“-изјави Мерџан Демирали, претседател на „Англунипе“.