Децата од Херсонската област родени по 24 февруари ќе добијат руско државјанство

Сподели со своите пријатели

Сите деца родени во Херсонската област по 24 февруари, кога Русија започна специјална воена операција во Украина, автоматски ќе добијат руско државјанство, изјави денеска заменик-шефот на воено-цивилната администрација на Херсонската област Кирил Стремусов.

Loading...

Тој изјави дека сирачињата кои живеат во регионот Херсон автоматски ќе добијат руско државјанство, пренесува ТАСС.

На 25 мај, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за поедноставување на правилата за добивање руско државјанство за граѓаните од регионите Запорожје и Херсон во Украина.