Децата да избегнуваат активности на отворено при загаден воздух, порача др. Арсовска (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Децата да избегнуваат престој и активности на отворено во периодите кога воздухот е загаден, ова е препораката на др. Маргица Арсовска, началник на Детското одделение при Општа болница Куманово.

Како што вели таа, сега е почетокот од периодот на респираторни вирози, а актуелно е и аерозагадувањето на кое децата се најчуствителни.

– Во време кога ни е најзагаден воздухот да не престојуваат дечињата на отворен простор, кога ќе дојдат дома од градинка или прошетка, ако мора да се оди надвор, обавезно да се измие лицето, да се направи една тоалета на носе за да може некако да се заштитиме, порача др. Арсовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жолт метео аларм за опасност од можни поплави во кумановско

 

 

Здрава избалансирана и урамнотежена исхрана, исто така е една од главните препораки за заштита во периодот на вирози, вели др. Арсовска, бидејќи „тоа е нешто што помага за имунолошкиот систем и за дечињата кои што се најранливи на овие вирози да се изборат како што треба и да помине се без компликации“.

Препорачува и физичка активност и спортување, но со апел во период на аерозагадување, таквите активности да се одвиваат во затворен простор, со можност со прочистувачи на воздух.

– Сведоци сме дека обезноста и дебелината кај децата е ризик фактор за многу понатамошни хроницитети како возрасни, така да на тоа најмногу се задржувам здрава исхрана и спортување, додава таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од Куманово се заканувал на врсник, па бил агресивен кон мајка си

Во овој период, како што истакна, нема зголемен број на пациенти на Детското одделение, а хоспитализирани се околу дваесетина дечиња.

Никола Ивановски