Деца од Лацио, Рома, Бенфика и Порто доаѓаат на турнир во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово од 3-ти до 5-ти октомври ќе биде домаќин на силен меѓународен фудбалски турнир за деца родени 2014, 2016 и 2018 година, во организација на ФК Куманово Еуроспорт.

Loading...

На турнирот својот настап веќе го потврдија големите фудбалски гиганти Лацио, Рома. Порто, Бенфика, Торино, англискиот Дерби Каунти и уште многу екипи од регионот и од нашата држава.

– Сакам со огромно задоволство да соопштам дека фудбалскиот детски турнир кој ќе се одржи од 3 до 5 ти октомври во организација на фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт ќе биде вистински фудбалски празник не само за нас како клуб и како град, туку и за нашата држава.

– Голема чест ни е како клуб да ги угостиме големите фудбалски европски гиганти како Рома , Лацио , Бенфика ,Порто и останатите тимови кои уште го потврдуваат своето учество и се пријавуваат. Искрено не верувам дека досега не само во Куманово, туку во Македонија досега имало вакви фудбалски тимови кои гостувале на едно место, изјави првиот човек на клубот Александар Маневски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МОК инвестираше 190.000 евра во Куманово за ЕМОФ

Како што рече Маневски, досега успешно се реализирани четири турнири и ова ќе представува огромен предизвик.

– Сигурен сум дека ќе биде реализирано како што е планирано заедно со целиот мој тим кој е вклучен во самата организација. Ние како домаќини ќе се погрижиме се да помине во најдобар ред и гостите од цела Европа да се чуствуваат како дома, додава тој.

Како што посочи, турнирот ќе биде изненадување за децата со посебни потреби кои исто така ќе бидат вклучени и ќе можат да ја почувствуваат магијата на фудбалскиот терен и фудбалската игра.

За вториот дел од настанот на јавноста и се обрати и членот на организациониот одбор Филип Наумов.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  МОК инвестираше 190.000 евра во Куманово за ЕМОФ

Според Филип наумов, член на организацискиот одбор, мото на настанот ќе биде „Играме заедно, победуваме заедно“, а целта е да се промовира инклузивноста и еднаквоста низ спортот.

– Учеството на децата со посебни потреби е горд чекор кон поотворено и поддржувачко општество. Преку овој турнир сакаме да испратиме силна порака дека секое дете заслужува можност да игра, да се развива и да биде прифатено од целокупната општество. Инклузивноста на децата со посебни потреби е важна тема што се однесува на правото на секое дете да учествува рамноправно во општеството, без оглед на неговите физички, интелектуални, сензорни или емоционални разлики. Ова значи создавање на прифатлива и поддржувачка средина во која секое дете има еднакви можности за учење, играње и развој – изјави Наумов на прес конференцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МОК инвестираше 190.000 евра во Куманово за ЕМОФ

Од клубот истакнаа дека натпреварите ќе се одиграат на три стадиони во Куманово и тоа на ФК Башкими , фудбалскиот стадион покрај Спортската Сала во Куманово и на Арената на ФК Куманово Еуроспорт.

Организаторите воедно и апелираат до сите правни лица и релевантни институции доколку си во можност и имаат простор да помогнат во овој голем настан кој е од особено важност за спортот не само во нашиот град туку и на целата држава.

Никола Ивановски