На 18.06.2023 во Белград во хотел Југославија се одржа Седма меѓународна олимпијада во ментална аритметика.
На олимпијадата земаа учество околу 1000 деца на возраст од 4 до 14 години, кои пристигнаа од десетина Европски земји (Македонија, Србија , Босна и Херцеговина, Црна Гора, Унгарија, Австрија, Италија, Малта, Словачка и Норвешка).
Мотото под кое децата се натпреваруваа гласеше : За деца кои го менуваат светот, во целост на своето значење тој ден покажа дека децата со поседувањена неверојатни знаења и вештини го менуваат светот!
На оваа олимпијада зедоа учество 4 деца : Јаков Спиридоновски, Димитриј Спиридоновски, Ива Цветковска и Никола Димитровски од Куманово кои претходно се здобија со титули во Државната олимпијада по ментална аритметика во Скопје одржана на 11.06.2023.
Натпреварувачите се натпреваруваа во неколку дисциплини на брзо сметање. Покрај решавање на математички проблеми во писмен дел, кој подразбира решавање на 120 задачи за 12 минути, натпреварот се состоеше и од дисциплини како што се анзан, дупли анзан и супер ум.
Анзан е дисциплина која подразбира решавање на долг низ броеви со брзина од 500 до 200 мсОсобено сме горди што овие наши ученици од Малац Генијалац Куманово се стекнаа со следните награди на Меѓународната Олимпијада во Белград , и тоа:
Јаков Спиридоновски 1 место во ментален дел
Димитриј Спиридоновски 3 место ментален дел
Никола Димитровски 3 место писмен дел
Никола Димитровски 3 место Анзан
Организатор на натпреварот е училиштето за интелектуален развој на деца „ Малац Генијалац“
Училиштето Малац Генијалац – Куманово работи од септември 2022 год , особено сме горди на овој неверојатен успех на нашите ученици.
Интегрално соопштение