Ракометарот на МРК Куманово Давид Димевски ја доби наградата за најдобар стрелец од Ракометната федерација на Македонија.
Ова признание доаѓа по неговите 237 реализирани голови.
Марија Анчева ја доби истата награда во женска конкуренција.
Македонската ракометна федерација е организатор на манифестацијата „Ракометар на годината“, каде на најуспешните спортисти им доделува признанија за нивните постигнати успеси.
Наградата за надјобар ракометар замина кај Филип кузмановски од Еурофарм Пелистер, додека од дамите, такво признание доби Катерина Дамјаноска од Ѓорче Петров.
Никола Митревски и Теодора Гулицоска ги добија наградите за најдобри играчи од страна на публиката.
Кирил Лазаров и Симе Симовски ги добија наградите з анајдобри тренери.
Во категоријата најдобар млад ракометар признание доби Димитар Узунчев, а најдобра млада ракометарка е Марија Јанкуловска.
Наградата за најдобри судии замина во рацете на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека з анајдобри странци награди добија Дмитро Хориха и Ана Вранчиќ.
Никола Ивановски

