Dark Mode добива и најпопуларната апликација за комуницирање

Сподели со своите пријатели

По неколкумесечни гласини и тестирања, пристигна Whatsapp Dark Mode за iPhone и Android.

Loading...

На одредени телефони со iOS и Android, постои веќе некое време, но Фејсбук полека ја донесе оваа опција во Whatsapp.

Како да сокриете дека сте ја прочитале пораката на WhatsApp

Во својот блог, компанијата објасни дека е потребно време да се прилагоди темниот режим, вклучително и читливоста и „хиерархијата на информации“.

Повеќе од две милијарди корисници имаат инсталирано Whatsapp на своите уреди, но оние со iOS 13 и Android 10 ќе можат правилно да ја искористат предноста на темниот режим.

Whatsapp автоматски ќе се префрли во мрачен режим ако е вклучена темна тема во вашиот систем.

WhatsApp надмина 2 милијарди корисници

Ова особено ќе одговара на телефоните со OLED екрани, бидејќи ќе заштеди повеќе енергија.

Loading...

Подолу е официјално видео за промовирање на оваа опција:

Корисниците на Android 9 исто така ќе можат да уживаат во темниот режим, но ќе треба да ја прилагодат оваа опција во поставките на апликацијата по ажурирањето на Whatsapp во најновата верзија.

https://youtu.be/DoPYlgsEKvk

Leave a Reply