Дански политичар му порача на Трамп: „Оде*и“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Почитуван претседателе Трамп, слушајте многу внимателно: Гренланд е дел од Кралството Данска веќе 800 години. Тоа е интегриран дел од нашата земја. Не се продава. Ќе кажам со зборови што можеби ќе ги разберете. Господине Трамп, „оде*и“, рече данскиот европратеник Андерс Вистисен како одговор на најавите на Трамп дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд.

Loading...

– Терминот што го употребивте не е дозволен во овој дом и ќе има последици. Тоа не е во ред во овој дом на демократијата. Без оглед на тоа што мислиме за г-дин Трамп, не е возможно да се користи таков јазик“, изјави за Вистисен потпретседателот на Европскиот парламент Николае Стефанута.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД уапсија 538 илегални мигранти, стотина депортирани

Во средината на декември, Трамп рече дека планира да го преземе Гренланд, идеја што накратко ја имаше за време на неговиот прв мандат.

Неговите претходни напори беа спречени кога Данска рече дека нејзината прекуморска територија не е на продажба.

Но, проектите на Трамп за најголемиот остров во светот не успоруваат. За време на прес-конференцијата во јануари, Трамп одби да ја отфрли можноста за инвазија на Гренланд, прикажувајќи го островот како клучен за интересите на националната безбедност на САД.