Данскaта премиерка: „Разочаранa сум и изненаденa, не можам да замислам ситуација да не нападнат сојузници“

Сподели со своите пријатели

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го одземе Гренланд од Данска, сојузник во НАТО алијансата, претставуваат глобална опасност бидејќи растечките безбедносни предизвици го загрозуваат светскиот поредок, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.

Loading...

Фредериксен е доведена во неочекуван конфликт со Трамп околу огромниот арктички остров, за кој, според неа, мора сама да одлучи за својата судбина.

Порано овој месец, Трамп изјави дека не ја исклучува употребата на сила за да се добие контрола врз полуавтономната данска територија бидејќи, како што вели, тоа е клучно за американската и глобалната безбедност.

„Се обидов да ја деескалирам ситуацијата бидејќи во денешниот свет, со многу агресивна Русија, со тесна соработка на Иран, Северна Кореја и Русија, со помош на Кина, ќе направам сè што можам за да се осигурам дека ништо не тргне наопаку меѓу сојузниците и добрите пријатели и партнери. Но, во исто време, мора да се држиме до најважните вредности и принципи“, изјави Фредериксен во ексклузивно интервју за „Њузвик“ во кое, како што е наведено, внимателно ги бирала зборовите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  NYT: Маск користел големи количини кетамин и екстази додека бил советник на Трамп

Анкетите во јануари покажаа дека големо мнозинство Гренландци сакаат независност од Данска, но уште повеќе се противат на приклучувањето кон Соединетите Американски Држави.

НАТО во прашање

„Прилично сум сигурна дека има голем интерес кај САД, особено од претседателот, кога станува збор за Гренланд. Исто така, слушам официјални лица и владини претставници како велат „секако, нема да направиме ништо со сила““, рече таа.

„Мораме да веруваме во тоа бидејќи ситуацијата во која еден сојузник би нападнал друг сојузник би била многу, многу погрешна и би ги довело во прашање не само односите со Кралството Данска, туку и трансатлантските односи, а тоа, мислам, би било многу опасно за сите нас“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се преврте камион со кошници: Ослободени 250 милиони пчели. Граѓаните да не излегуваат!

Данска е многу подготвена да помогне во зајакнувањето на безбедноста на Гренланд и Арктикот во соработка со сојузниците на НАТО, истакна данската премиерка, но не може да го прифати принципот дека големите земји присвојуваат други делови од светот или територијата на друга земја.