Претставници од месната заедница на с. Пчиња заедно со градоначалникот остварија средба со министерот за транспорт и врски, откако жителите на оваа кумановско село излегоа на протест со блокада на градската депонија, во обид да дојдат до одговор за тоа кога ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето на нивното населено место.
Како што вчера соопшти градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, на средбата на која присуствувал и пратеникот Зоран Георгиевски од ВМРО ДПМНЕ, станало збор за проектите кои не се имплементирани во последните три години, односно за кредитот доделен од Европска централна банка доделен на општината со пририоритетна листа, а наменет за с. Речица, односно за набавка за далечински водомери за ЈП Водовод, како и канализационата мрежа во с. Тромеѓа.
-
Се договоривме дека од 3 ипол милиони евра, остануваат од 900 илјади евра и според проценката, водоводната мрежа во село Пчиња ќе чини 250 илјади евра со мини пречистителна станица за село Романовце со канализациона мрежа, со што ќе работиме во две фази, со очекување дека некаде од март април ќе започнеме со фаза на имплементација, изјави Дамјановски.
Дамјановски ја изрази својата надеж дека овојпат сите договорени страни ќе останат на договореното, со што ќе се затворат средствата кои во случај на неимплементирање на проектите, ќе бидат изгубени заклучно со 2017 година.
Loading...