По обвинувањата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово дека воздухот кој го дишат кумановци е енормно загаден и притоа на прес конференција на која не беа поканети сите локални медиуми го обвинија градоначалникот Дамјановски дека не презема мерки против аерозагадувањето.
Денес, Дамјановски најави дека претставници на локалната самоуправа се на преговори во „Алкалоид“ и дека наскоро ќе се изнајде начин улиците да бидат прскани со калциум магнезиум ацетат кој ќе го ублажи загадувањето од издувните гасови на возилата.
Таква тендерска постапка се уште не е спроведена во Република Македонија да се обезбедат специјални возила за прскање на тој ацетат кој иде 10 грама на еден квадратен метар и тој има голема набавка која треба да се спроведе во наредниот период. Ќе бараме согласност со Бирото за јавни набавки за да се справиме со загадувањето, тоа е нешто што треба да го работиме на долги стази, а прскањето е нешто што се одвива на кратки стази. Ние ќе направиме се што е во наша можност со кратките мерки, долгите мерки Куманово има најдобра подготовка, гасификацијата, пошумување ќе направиме акција од февруари натаму, така да тоа се мерки кои очекуваме да дадат резултати. Најверојатно се надевам дека Република Македонија ќе воведе пар-непар, тоа е неминовно бидејќи во Македонија по одлука на Влада се увезени многу половни возила без високи стандарди, така да мислам во наредниот период треба да се размислува за регулирање на сообраќајот и увоз на возила кои немаат еко-стандард – рече Дамјановски.

